речник контакт

Како до замена на дограмата во зградите во Велес?

Проект на УСАИД и Хабитат Македонија за подобрување на енергетската ефикасност но и обнова на фасадите на станбените згради

Петар Печков

 Велешани покажаа интерес за подобрување на енергетската ефикасност но и обнова на фасадите на  станбените згради. Овој проект кој го работи американската невладина организација Хабитат беше претставен пред велешани.  Како дел од активностите ќе се изберат и згради на кои ќе им се одобрат заеми, под поволни услови, за спроведување на градежни интервенции во нивните објекти.

Живееме во стара зграда, каде уште од изградбата од   70-тите не се сменети прозорите и дрвенаријата околу нив. Се  е старо, треба да се менува, ама немаме можности, повеќето сме пензионери. Посебно сега зимно време дува, ладно е, напролет пак пропушта дожд. Ќе ги слушнеме условите, ќе им ги пренесам на станарите, па ако се согласат ќе конкурираме за да се смени дограмата – вели жител на најстарата велешка зграда во центарот на градот, позната како Свиларската.

Од Хабитат ги објаснија условите, под кои куќните совети ќе можат да конкурираат.Изборот на згради ќе се врши врз основа на неколку предуслови, како што се зградата да има натпросечна потрошувачка на струја, да биде изградена најмалку пред десет години и  мнозинството  од станарите да се со пониски  приходи. Проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност за секторот за домување, опфаќа колективни згради во општините Карпош, Куманово, Велес и Тетово.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »